Ден

Бабовски: Навремената исплата на субвенциите ја практикуваме целиот овој период

Навремената исплата на субвенциите ја практикуваме целиот овој период, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој присуствуваше на закројувањето на винови лози во месноста Лепово, по повод денешниот празник „Свети Трифун“, кој се смета за заштитник на лозарите.

– Годинава исто така не го чекавме празникот „Свети Трифун” за да се исплатат субвенциите, ги исплативме многу порано. Исплативме скоро десет милион евра за поддршка на лозарите за одржување на нивните лозови насади, за примена на агротехнички мерки, купување на заштитни стедства, ѓубрива, така што истата пракса ќе ја продолжиме и натаму не само кон лозарите, туку и кон сите земјоделци во Република Северна Македонија, нагласи Бабовски, честитајќи го празникот „Свети Трифун” кој носи благодет.

Директорот на винарската визба „Тиквеш” во чии лозја се закројуваше, Радош Вукичевиќ рече дека очекува уште една плодна година.

– Очекувам годинава да работиме рамо до рамо со лозарите, уште од сега, да не се гледаме два дена пред берба. Да ги решаваме проблемите навреме, да ги примениме најсовремените лозарски практики, да произведеме врвно грозје, што ќе ни овозможи да произведеме врвно вино, нагласи директорот на винаријата.

Тој очекува годинава тоа да биде едно од најнаградуваните вина во земјава, Југоисточна Европа и пошироко.

Можеби ќе ве интересира:

Прометот на берза неделава скокна за над 287 отсто

Stefanija Kuzmanovska

Царовска: Близу 200 илјади работници ја користат мерката за субвенционирање придонеси за раст на плати

Ковид 19 ги замрси конците на пивската компанија

Влатко Зорба