Ден

Банана, кељ и чоколадо за поцврсти коски (РЕЦЕПТ)

Следниот рецепт е идеален за почеток на денот или за попладневна ужина. Освен што е вкусен, поради состојките кои ги содржи, го снабдува телото со доволно калциум, а со тоа и ги зајакнува коските.

Препорачлив е за луѓето кои се склони кон остеопороза.

Состојки:

Една поголема банана
Неколку листови кељ
2 урми без семки
Една чаша смрзнати боровинки
Една лажичка какао
Две коцки темно чоколадо
Мраз и вода

Подготовка:

Сите состојки, освен мразот, ставете ги во блендер. Откако ќе се изедначи смесата ставете го мразот. Пијте во мали голтки. Оваа количина е доволна за еден оброк, за едно лице.

Можеби ќе ве интересира:

KNOCKED ME DOWN на Галоски – летен хит кој веќе го освојува Балканот

Во продажба е првиот број на енигматскиот магазин „Лавиринт Плус“

Александар Тодески

Нега на кожа по примерот на Мерилин Монро

×

Следете не