Ден

Бектеши: Од државата се бараат огромни парични средства во арбитражни постапки

Кон државата има огромни парични побарувања од инвеститорите за арбитражните постапки кои се во тек. Побарувањата на само една од арбитражните постапки надминува 300 милиони евра, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Подготвени сме за сите арбитражни постапки и веќе имаме адвокатски куќи кои не претставуваат, но истовремено направивме и оперативен план. Убеден сум дека повеќето од арбитражните постапки веќе сме ги победиле, а Казандол и ОКТА се во тек и се во фаза на подготовка на документацијата, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека е убеден оти повеќето од постапките ќе завршат позитивно за државата и додаде дека во моментов се водат преговори со ОКТА за изнаоѓање вин-вин ситуација и за компанијата и за државата. За барањето на Еуромакс за раскинувањето на концесијата за рудникот Казандол посочи дека во моментов е пред Управен суд.

Можеби ќе ве интересира:

Полициски час од недела во 11 часот до вторник во 5 наутро

Во последен час се разговара за 58 часовниот викенд карантин

Александар Тодески

Чулев: Очекуваме зголемен број на мигранти со олабавувањето на мерките

×

Следете не