Ден

(ВИДЕО) Битиќи: Не стимулираме отпуштања, исправаме грешка од претходната уредба

Советникот на премиерот за економија, Фатмир Битиќи, не гледа дека новата уредба со која и компании во кои има до 15% помалку вработени ќе добиваат државни пари, е стимул за отпуштање вработени. Вели, се работело за исправање на грешка од претходната уредба.

„Креираме можност, исправаме грешка од претходната уредба што оставаше простор компании да не се поддржат само затоа што останале без работни места, односно ако вработени сами си заминат од работните места. Замислете, тројца ќе заминат зошто ќе сменат работни места и 247 работници ќе останат мерка. Оваа уредба не стимулира отпуштање на работници, напротив. Треба да се види целата уредба која стимулира дека инвестицијата во човечки ресурси може да биде помош, поинаку, таа ќе биде вратена во буџетот“, вели Битиќи.

Оваа уредба наиде на бурни реакции во јавноста, а синдикатите и здруженијата на граѓани преку реакција побараа одговорност од министерката за финансии, Нина Ангеловска која вчера ја соопшти измената, како и итно враќање на претходната уредба, во која беше наведено дека фирми кои имаат отпуштено работници, нема да можат да добиваат владина помош.

Прес конференција на советникот на премиерот, Фатмир Битиќи

Во живо: Битиќи за владините економски мерки

Publiée par Den sur Jeudi 30 avril 2020

Можеби ќе ве интересира:

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

Почнаа со работа кафулињата и рестораните под посебни протоколи

×

Следете не