Connect with us

Бизнис

Битиќи: Угостителите за свадби не се ставени во ист кош со другите

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека е отворен за средби исто како што бил и пред да се донесе петтиот пакет на економски мерки, а со цел да се најде решение со угостителите. Оваа негова изјава доаѓа пред почетокот на закажаниот протест на угостителите за организирање свадби и други свечености пред Владата.

„Мислам дека решенијата се веќе изнајдени само треба соодветно да ги искомуницираме. Во овој момент битно е дали и колку ќе излеземе помалку погодени од кризата, а не дали сме погодени. Сите сме погодени од кризата, некој е погоден здравствено, а некој економски, но на крај од кризата ќе треба сите заедно да седнеме и да видиме како да заздравиме од кризата. Затоа сум отворен да седнам да разговарам со секој еден кој смета дека има потреба за разговор“ рече Битиќи.

Според него, угостителите се идентификувани како еден од најпогодените сектори во предложените економски мерки.

„Во ниедна мерка која е донесена угостителите не се исклучени, но јас немам доaблест и храброст да одам против препораките на Комисијата за заразни болести. Сите треба да прифатиме дека секој треба на професионален начин да ја одработи својата задача. Треба да ја слушаме Комисијата и да и веруваме дека е најдобро за здравјето на граѓаните кога ќе укаже дека не е дојдено времето за олеснителни околности за работа“, смета Битиќи.

Тој посочи дека угостителите за организирање свадби и други свечености не се ставени во ист кош со другите угостители.

„Механизмот од втората мерка која е предвидена во новиот пакет им дава можност на овие угостители навистина да добијат значително поголеми неповратни средства во моментот кога ќе почнат да работат заради нивните финансиски резултати и неработењето една година. Токму затоа мислам дека треба да седнеме, да разговараме и да ги објасниме сите забелешки, бидејќи никој не е ставен во ист кош“, додаде Битиќи.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement