fbpx
Connect with us

Магазин

Блокчејн, алткоин, приватен клуч… крипто-терминологија за почетници (прв дел)

Ако се обидете да научите сè за криптовалутите, можете лесно да се збуните и да настане огромен хаос во вашата глава. Затоа мора да се едуцитате постепено и етапно, за да можете да ги разберете концептите и најосновните термини.

Блокчејн или синџир од блокови – најлесно кажано, ова е датабаза која е дистрибуирана и валидирана од страна на голема група поединци, компании и здруженија. Најчесто се поврзува со Биткоин. Се состои од блокови кои се минирани (рударени), а на секои десет минути во просек, се генерира нов блок во синџирот. Секој блок е всушност јазол во кој се запишани информациите за трансакцијата на криптовалутата, вклучувајќи време на префрлање на парите, датум, сума и време на процесирање. Овој концепт е применлив и во други индустрии.

Крипто-паричник – физички или софтверски паричник кој се користи за да ги чувате вашите дигитални заштеди. Се состои од низа од броеви и букви, без немој логички редослед. Повеќе од крипто парите имаат свој официјален паричник, но постојат и мултипаричници кои можете да ги користите за да складирате различни криптовалути во нив. Заштитени се со приватен клуч кој (треба да) го има само сопственикот на паричникот. Притоа, приватен клуч е токму онаа низа од броеви и букви со која го авторизирате својот идентитет, за да пристапите кон своите заштеди.

Bull и Bear маркет (пазар) – „Бул“ е периодот кога вредноста на средството е во постојан пораст, додека пак „бер“ е кога е во постојан пад. Потребно е овој „тренд“ да се одржи во подолг период за да се дефинира како „бул“ или „бер“.

Алткоин (altcoin) – Секоја друга валута која не е Биткоин. Најчесто се однесува на првите неколку по Биткоинот, особено Етериум, но се работи за многу поголема маса од криптовалути.

Дигитално злато – се однесува на Биткоинот, бидејќи има најдолга традиција во крипто-светот и е најтргувана криптовалута. Ја еквивалентираат со тоа што е златото за традиционалниот финансиски систем.

Менувачница – дигитална локација каде можете да купувате и продавате криптовалути.

Хеш (hash) – уникатна комбинација на букви и бројки со која се идентификува блокот во синџирот каде се наоѓаат информациите за конкретна трансакција.

Продолжува…

loading...
Continue Reading
1 Comment

1 Comment

  1. Pingback: Уште неколку крипто-поими кои се важни да ги знаете (втор дел) - Ден

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement