Ден

Бостон ќе ја повлече „петката“ на Кевин Гарнет

Селтикс го повлекуваат дресот со број пет што го носeше легендарниот Кевин Гарнет.

Бостон, за време на синоќешниот натпревар со Лос Анџелес Клиперс, објави дека ќе го повлече дресот со број на Гарнет од следната сезона.

Гарнет играше во Бостон до 2007 до 2013 година и беше еден од клучните играчи што ги водеше Селтикс до 17-тиот шампионски прстен во историјата на франшизата во 2008 година.

Таа сезона, тој беше избран во идеалната петорка на НБ  и беше прогласен за најдобар дефанзивец.

Играше 21 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот и 15-пати беше учесник на Ол-стар натпреварот.

Можеби ќе ве интересира:

Луд меч на Новак Ѓоковиќ за голема победа и пласман во финалето против Циципас

Нејмар со нова тужба кон Барса: Бара 6,5 милиони евра поради данокот за „фиктивни договори“

Кореецот Сон ќе биде ставен во карантин по враќањето од Сеул