Ден

Брестовац: Причина за поразот не е во одбраната, туку во нападот

Мислам дека во наредниот период треба да ризикуваме едно големо натпреварување ако сакаме да имаме повторно една силна репрезентација.

Ова беа првите зборови на селекторот на ракометната репрезентација на С.Македонија, Данило Брестовац, по вечерашниот пораз од 32-28 од селекцијата на Австрија, по што го завршивме настапот на Европското првенство.

Како причина за поразот Брестовац не гледа вина во одбраната, туку во нападот.

– Повторно имавме слаба реализација, повторно при ситуација 6 на 5 не реализиравме. Тие беа пострпливи од нас и заслужено победија. На нас ни останува да работиме на самодовербата на младите играчи и да ги мотивираме за понатаму да се јавуваат при повикот за настап со националниот дрес. Мислам дека во догледно време би требало да имаме една силна репрезентација и мислам дека овие момци ќе се вратат еден ден на едно големо натпреварување многу посилни и сигурно ќе значат нешто во европскиот и светскиот ракомет, додаде Брестовац.

Можеби ќе ве интересира:

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Надал: Не сакам да гледам натпревари без навивачи, ништо не може да ја замени нивната енергија

Арсенал во преговори со Обамејанг за да го задржи до 2023 година

×

Следете не