Бугарија од секоја пратка ќе донира вакцини против коронавирус за Македонија

Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти дека Бугарија ќе донира вакцини против коронавирусот од секоја пратка која ќе ја добијат.

„Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде имав и свое обраќање. Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија“, соопшти Филипче.

Тој посочи дека Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи.

„Благодарение на овој пријателски чин, со оваа донација за кратко ќе го почнеме процесот на вакцинација и ќе го олесниме пристапот до вакцините за да може да вакцинираме 60 до 70% од населението.Според информациите од здравствените власти во Република Бугарија, најпрво во Софија ќе стигне вакцината на Фајзер, потоа на Модерна, па на Астра Зенека.Веќе разговаравме и за техничките детали во однос на испораката, верувам дека во исто време ќе добиеме дел од вакцините, како и земјите од ЕУ.Освен преку донација од Република Бугарија, нашата земја обезбеди вакцини и преку Ковакс механизмот. Европската Унија за земјите членки обезбеди 400 милиони вакцини и 100 милиони дополнително за земјите кои не се во Унијата, а вакцините може да ги добиваат со посредување на земји членки. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија Полска и Грција. Република Северна Македонија преговори и со произведувачите за директна набавка на вакцини и од нив“, посочи министерот за здравство.

loading...

Останати вести

Владата ќе одлучува по предлогот угостителите да работат до 18 часот

admin

Поврат на ДДВ кон фирмите од 397,4 милиони евра во 2020 година

admin

Сè уште е во жалост: 95-от роденден на кралицата без никаква формална прослава

Elena Daskalova