Вакцинален хаос – Дел на втора доза во Скопје, дел во Ниш, Врање и Белград

По одлуката на српската влада да даде дозвола за граѓаните од колните земји, меѓу кои и Македонија, да се вакцинираат во најблиските градови до границите, македонците ги окупираа Врање и Ниш, како најблиски вакцинални центри до земјава.

И додека за првиот бран вакцинирани во Србија имаше отворено линк преку кој ќе се пријават за ревакцина во Македонија, за сега вакцинираните во Ниш и Врање нема никаква најава, со што најверојатно граѓаните втората доза од вакцината ќе ја примат на истото место каде што ја примиле и првата доза.

Втора доза од вакцината во Србија ќе треба да примат и оние кои се вакцинираа со Астра Зенека, а кои се помлади од 60 години, бидејќи вакцината кај нас е забранета за оваа категорија на граѓани. Уште поголем проблем е тоа што оваа вакцина е достапна само во Белград, со најави дека од 19 јуни истата ќе биде достапна и во Ниш и Врање.

При вакцинација, српските медицински лица им соопштуваат на македонците дека ќе добијат смс порака или мејл за насоки, каде ќе ја примат втората доза од вакцината која ја одбрале, но и тие се без информации дали земјава ќе овозможи ревкацина во сопствените граници.

Во меѓувреме, од денеска се остварува и владината најава, српските возила кои поминуваат низ Македонија добиваат картички со кои нема да плаќаат патарини.

„Ден“ испрати прашања до министерството за здравство, дали ревакцинацијата ќе се одвива во земјава и на кој начин, но до објавување на текстот, одговор од таму не добивме.

loading...

Останати вести

Од денес (15 март) завршува обврската за зимски гуми на возилата

Elena Daskalova

Поминаа 35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Elena Daskalova

МВР ќе распише потерница по Сашо Мијалков

Elena Daskalova