Вакцината која сите ја сакаат: Фајзер

Производителот Фајзер/Бионтек беше првиот кој успеа да направи вакцина против „новиот“ коронавирус поради кој повеќе од една година светот е во вонредна состојба.

Поради угледот на компаниите кои работеа на вакцината, но и силна медиумска кампања и поддршка на социјалните мрежи, оваа вакцина стана најпосакувана речиси кај секој. Сепак, не се произведува во преголеми количини поради специфичните услови за транспорт и чување, а се набавува во повеќе наврати, но во помалку дози.

Сведоци сме и дека Македонците кои заминуваа во Србија или на границата со Бугарија најмногу избираа Фајзер (онаму каде имаше избор). Но, оваа вакцина е сосема различна од она на кое во ова поднебје сме навикнати. Досегашна пракса се инактивираните вакцини, кои се најчести во нашите вакцинални картони и најголемиот дел од населението се навикнати на таа технологија на производство.

Но, каква е Фајзер?

Таа е произведена на принципот на мРНА технологија, односно модифицирана РНК и користи модифицирани фрагменти од генетскиот материјал вирусот, со цел да ги „научи“ клетките соодветно да реагираат на нив. Откако клетките ја „запишуваат“ информацијата, создадениот протеин се уништува, а имунолошкиот систем е подготвен да ја препознае потенцијалната зараза.

Фајзер важи и за вакцина со висока ефикасност, речиси 98% според тврдењата на производителот. Но, последните податоци од Израел покажаа дека дури и вакцинираните со оваа вакцина не се 100% заштитени од поновите соеви. Типично за секој вирус е да мутира, но не секоја мутација ги дава истите симптоми и инфективноста како на основната варијанта.

СЗО ја одобри оваа вакцина за итна примена кај медицинските лица кои се борат директно со пандемијата, кај луѓе со хронични заболувања, трудници, доилки и деца постари од 12 години.

Се примаат две дози со растојание од три недели меѓу нив. Симптомите варираат кај различни луѓе, од локална болка, па се до висока температура и неколку денови по примената доза.

Иако е многу барана, производителот ја произведува во ограничени количини, бидејќи бара специфични услови за транспорт и складирање. Поради тоа не може да биде дистрибуирана во земји каде тие стандарди не се исполнети.

Вакцината не е препорачлива за луѓе кои имаат историја со алергии на медикаменти, како и за деца помлади од 12 години.

Во тек се истражувања за нејзината ефикасност против други варијанти на вирусот, за да може формулата да биде подобрена, соодветно на потребите.

loading...

Останати вести

Влада: Податоците од пописот се за перспективите на граѓаните и државата

admin

Приведен вевчанец за закани со убиство кон Заев и Пендаровски

admin

Макрон: Треба да се зголеми претпазливоста поради новиот вид на коронавирус

admin