Ден

Велес: 468 заболени од грип од кои најголем број се деца

Вo Центарoт за јавно здравје во Велес изминатата недела се регистрирани 468 заболени од грип од кои најголем број се деца.

Споредено со претходната недела кога беа регистрирани 808 заболени, а што беше и најмногу за една недела годинава, изминатата недела бројот на заболени е во речиси двојно опаѓање, но сепак бројот на заболени е голем, посочуваат епидемиолозите од оваа јавна здравствена установа

Доктор Бојан Тодоровски од Центар за јавно здравје во Велес истакна дека од 468 заболени 75 се деца на возраст до четири години, а 166 се школски деца основци на возраст од 5 до 14 години. Во старосната група од 15 до 64 години, каде има и деца средношколци заболени се 198, а на возраст над 65 години заболени се само 29 лица.

Во текот на февруари во Центарот за јавно здравје во Велес се регистрирани 1.359 лица заболени од грип, а во јануари имало само 88 заболени од грип.

Можеби ќе ве интересира:

Спасовски: Граѓаните да не постапуваат неодговорно за да видат дали има уште мерки, имаме разработено уште сценарија

Александар Тодески

Маркетите и рестораните ќе може да вршат достава за време на полицискиот час

Микиќ: Мерките се неопходни, не постои лек или вакцина

×

Следете не