Ден

ВИДЕО: Во истрага за нерегулиран увоз на отпад во Бугарија осомничени и македонски компании

Бугарските медиуми денеска објавија дека компанијата „Блацион“ ООД, во сопственост на Блаже Игнатов и Горан Ангелов, извршила нерегулиран увоз на 25 контејнери со отпад.

Како што јавија бугарските медиуми, Обвинителството започнало истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во Бургас. Отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 денови.

Бугарското Обвинителство соопшти дека содржината на отпадот се разликува од она што е декларирано на царинскиот документ.

Испраќач на отпадот е италијанската компании „Дентиче Пантелоне“, што е основана во 1984 година и е специјализирана за рециклирање и повторна употреба на отпад, депонирање на тврд индустриски отпад и преработка на пластмаса.

Како што соопштија бугарските медиуми, откако сопственикот не реагирал на предупредувањето на Царинската управа, бидејќи бил истечен дадениот рок, Обвинителството започнало истрага.

Можеби ќе ве интересира:

На Инфективна се врши тестирање на коронавирус на едно лице со симптоми на грип

Влатко Зорба

Ванчева: Мизрахи не беше разрешена затоа што е Еврејка, туку бидејќи не го почитуваше Уставот

Димовски за снимката на Заев: Тоа народски кажано е со свој камен по своја глава

Влатко Зорба