Ден

(ВИДЕО) Каевски: Дополнителна помош за клубовите, ќе се ослободат од плаќање котизација

Со 14.500 денари по лице за спортистите, владата дава поддршка на спортот во овие тешки времиња, посочи директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

„Креиравме дополнителен пакет мерки. По 14.500 денари за април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 млади спортисти до 18 години во индивидуалните спортови, односно имаат регистрирано минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови. АМС ќе обезбеди финансиски средства за сите национални спортови по завршување на кризата, до крајот на 2020 година“, рече Каевски.

Тој посочи дека покрај редовната поддршка, ќе ги финансира програмите на индивидуалните, врвни спортисти на олимписките спортови, односно тринажниот и натпреварувачкиот процес за 2020 година.

„АМС ќе даде предлог до владата за 50% намалување на цените на услугите на спортските објекти во надлежност на институциите и препорака за истиот принцип на функционирање до општините и локалната самоуправа. АМС во соработка со федерациите ќе ги ослободи клубовите од плаќање на годишна члнараина или котизација, што клубовите имаат обврска да ја платат до крајот на 2020 година“, истакна Каевски.

Прес конференција на директорот на АМС, Дарко Каевски

Во живо: Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски за мерките за борба со коронавирусот

Publiée par Den sur Dimanche 5 avril 2020

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не