Connect with us

Видео

(ВИДЕО) Мицкоски: 2021 година ќе е година на промени

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати новогодишна порака до граѓаните, посакувајќи 2021 година да биде година на промени. Во прилог, целата честитка:

Почитувани сограѓани, годината позади нас не беше добра. Пандемијата на КОВИД 19 го наруши начинот на нашиот живот, а лошата власт го направи животот уште по лош.

Ја уништија економијата и ја однесоа во рецесија, додека го распродава идентитетот и наместо европска иднина донесоа вето. Демократијата беше погазена со криминални избори, правдата беше заробена, земјоделците беа обесправени. Го урнисаа здравството, повеќе од 50.000 луѓе останаа без работа, образованието е срушено, криминалот и корупцијата галопираат. Народот осиромашува, власта се богати.  Време е да завртиме нов лист.

Македонија е подобра од загубите кои ги носи власта. Вие заслужувате среќа. Потребни се промени и промените ќе дојдат во годината што следи. Силата е во народот, самите сме си креатори на нашата иднина, затоа што ние граѓаните сонуваме, веруваме и дејствуваме.

Ние не се откажуваме, ние ќе победиме. Имаме обврска кон нашите деца, и кон нашите предци, да имаме држава со која ќе сме горди.

Нашата генерација има добра мисла и намера, знае како да истрае кога е најтешко, и да направи успех кога тоа се чини далечно.

Успесите ќе дојдат со промените кои ќе донесат вистина наместо лаги, повеќе пари за граѓаните, сигурност, правда и достоинство.

Празниците поминете ги со најмилите и најблиските. Подарете насмевка и љубов и имајте верба. Чувајте го вашето здравје и соберете сила, бидејќи 2021-та ќе е година на промени кои ќе ви донесат повеќе задоволство, зголемена радост, и среќа која секогаш ги следи храбрите.

Ви посакувам среќни и весели новогодишни и божиќни празници.

Да сте живи и здрави. Да живее Македонија.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement