Connect with us

Анализи

(ВИДЕО) Почнува чистењето на линданот од „Охис“

Малата депонија во кругот на поранешната фабрика „Охис“ конечно ќе биде исчистена од линданот и неговите измоери, точка која буквално можеше да предизвика експлозија од невидени размери во Скопје.

Според министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, со оваа акција ќе се реши децениски проблем.

„Планот, како што беше најавено, е линданот да се извезе во Франција, а контаминираната почва да биде извезена во Холандија. На почеток од следната година треба да се отстранат првите количини од околу 700 тони контаминирана почва“, рече Нуредини.

Чистењето на линданот од „Охис“ ќе го врши компанија „Полиеко“ ,од каде најавија дека активностите на терен ќе се изведуваат во согласност со највисоките стандарди за заштита на околината и животната средина.

„На самата локација ќе биде подигнат специјален шатор, а сите активности ќе се изведуваат во затворен простор со цел да се заштити животната средина и јавното здравје од било каков ризик. Ќе бидат инсталирани специјални единици за негативна филтрација на воздухот, сите работници ќе бидат обезбедени со посебна респираторна заштита. Нема да има третирање на отпадот или на загадената почва на самата локација, тие ќе бидат спакувани во специјални, непропусни контејнери кои се одобрени од ОН и во скгласност со Базелската конвенција ќе бидат транспортирани во лиценцирани објекти во Франција и во Холандија за конечно уништивање“, велат од компанијата.

За чистењето на малата депонија, Глобалниот еколошки фонд обезбедил 3,1 милиони долари, кој за прв пат финансира ваков проект во Југоисточна Европа. Остатокот од средствата за чистење на малата депонија е обезбеден од Повеќепартнерскиот фонд за животна средина, формиран во соработка со Кралството Норвешка, од каде биле издвоени 1,5 милиони евра за овој проект. Во овој Фонд, Владата учествува со 1,7 милиони евра, а се очекуваат и дополнителни 2.5 милиони евра преку ИПА 3 програмата.

Од „Полиеко“ информираа дека линданот и изомерите се наоѓаат во бетонски басен закопани на длабочина од 1.70 м, но екипите ќе ископуваат и подлабоко доколку се утврди дека опасниот отпад продрел и подлабоко во земјата. Во моментов ќе почнат подготвителните активности за расчистување на малата депонија, а целата операција е предвидено да трае една година.

За време на целата операција за отстранување на линданот, мониторинг и на самата локација и на амбиенталниот воздух ќе врши специјализиран тим од Кралството Норвешка.

Кога на крајот на 2019 година, Директорот на „Еко центар 97“, Владо Момировски пред новинарите ги презентираше „жешките точки“ во Охис, посочи дека веднаш до линданот, до октомври месец истата година, се изработувале италијански обувки, а масите на кои вработените правеле паузи се веднаш до ѕидот на местото каде што е сместен линданот. Момировски за ова ќе каже дека жените кои работеле буквално се потпирале на бетонскиот ѕид под кој лежи канцерогениот линдан.

loading...
Continue Reading
Advertisement
Advertisement