Викендов за Велигден и на 12 и 13 мај да нема полициски час – предлог на Кризниот штаб

Полициски час ќе нема за време на Велигден и Бајрам, соопштува министерот за здравство.

Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почне од 21 часот, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час, односно да може граѓаните слободно да се движат, а во тие денови работењето на угостителските објекти да биде исто како што ќе биде и дотогаш до 20, односно 20:30 часот.

– Ова се одлуките за нови рестриктивни мерки кои денеска ги донесе Кризниот штаб, кои треба да важат во следниот период, односно утре на седница на Влада треба да се добие согласност и да се прифатат – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

loading...

Останати вести

Истрагата ќе го бара „кртот“ кој го информирал Мијалков за притворот

admin

За една недела зголемен бројот на оздравени, но и на починати од Ковид-19

admin

За три дена запленети близу 55 илјади пиротехнички средства

admin