Ви паѓа косата? Еве кои хормони може да бидат причина за тоа

Се грижите за својата коса, користите квалитетни производи за нега, внимавате на исхраната, но сепак после секое капење вашата када или туш-кабина е полна со прамени и паднати влакна?

Секое чешлање на косата ве фрустрира, а веќе сте уморни од испробување најразлични лекови. Но, некогаш проблемот не е во кожата на главата и квалитетот на влакното. Доколку ништо не помага, време е да испитате дали имате нарушување на хормоналниот баланс и правилно да го третирате проблемот.

Ова се четирите хормони кои се најмногу поврзани со опаѓањето на косата:

Тестостерон

Тестостеронот често е поврзан со ќелавоста кај мажите. Ова поточно важи за типот дихидротестостерон, кој предизвикува заслабнување на фоликулите и опаѓање на влакната. Покачувањето на тестостеронот кај жените исто резултира со опаѓање на косата со различни интензитети.

За да се намали овој ефект, потребно е во исхраната да се вклучи храна богата со растителни влакна, како што се овошје, зеленчук и цели житни зрна.

Тироидни хормони

Тироидните хормони се одговорни за метаболизмот, но и се тесно поврзани со квалитетот на влакната на косата, особено кај жените. Најчести симптоми на хипотироидизам се сувата коќа, кршливите нокти и губењето на косата.

Ако резултатите од испитувањето на тироидните хормони се нормални, но сепак имате вакви симптоми, потребно е да вклучите повеќе храна со јод, зелени зеленчуци, храна богата со железо, па ако треба и дополнително да се зема железо како додаток во исхраната.

Инсулин

Покаченото ниво на инсулин, а без дијагностициран дијабетес, е симптом на синдромот на полицистични јајници, кој е една од најчестите хормонални абнормалности кај жените. Покачениот инсулин, односно хиперинсулинемијата, предизвикува губење на коса, создавање акни и зголемена телесна тежина. Кај мажите хиперинсулинемијата исто така предизвикува опаѓање на косата.

Оваа состојба бара постојан надзор од лекар и секако, ограничување на внесот на јаглехидрати и јадење во ист период од денот секој ден. Редовно контролирајте го нивото на инсулин.

Естроген

Нарушувања во балансот на естрогенот е исто така причина за опаѓање на косата. Многу жени се соочуваат со ваков проблем во текот на бременоста, кој се враќа во нормала неколку месеци по породувањето. Слично се случува и со жените во полетокот на менопаузата.

За да ја контролирате оваа состојба, освен со здравата исхрана, треба да посветите внимание и да ја ограничите употребата на пластика во секојдневието, како и на козметика со парабени.

Паѓање на косата – пост-ковид

Лицата кои биле позитивни на коронавирусот, дури и по месец до два забележуваат дека нивната коса опаѓа интензивно. Добрата вест е што постепено се обновува, но сигурно фрустрира постојано да ви паѓаат голем број влакна од главата. Најчесто е последица на силната борба на имунолошкиот систем, но и на лековите и суплементите кои ковид-пациентите треба да ги употребуваат, за контролирање на симптомите.

loading...

Останати вести

Мачките ја намалуваат вознемиреноста кај деца со аутизам, покажуваат истражувањата

Elena Daskalova

Гостивар, Маврово и Попова Шапка добија три ПИП- Центри за туристички развој

admin

Каракачанов: Ако Македонците се наречат марсовци, дали и Цар Самоил ќе биде од Марс?

admin