Ден

Владата даде амин обложувалниците и казината да работат онлјан додека трае вонредната состојба

Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за приредување на интернет игрите на среќа во време на вонредна состојба и ја донесе Уредбата со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба.

„Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувалниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа“, велат од владата.

Од таму посочуваат дека со уредбата им се овозможува на економските оператори што организираат игри на среќа да ја продолжат онлајн (преку интернет) својата дејност, со што се создаваат услови да се сочуваат 7500 работни места во оваа дејност.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не