Владата одлучува денес дали од утре ќе нема полициски час

Според препораките на Министерството за здравство, епидемиолошката состојба во Македонија дозволува да се укине полицискиот час.

Денеска Владата одлучува по овој предлог. Потсетуваме дека во изминатите неколку недели бројот на хоспитализации е значајно намален, има помалку од 500 активни случаи, а во неколку градови низ Македонија нема ниту еден активен случај.

Се прават поголем број тестирања, но причината за тоа е потребата од негативен ПЦР тест за патување.

Во тек е и вакцинација. Се повеќе граѓани ја примаат втората доза од ковид-вакцината. Овие денови пристигнуваат пратки со вакцини Фајзер, дел директно купени од производителот, а дел преку ковакс-механизмот. Се очекува и поголема пратка вакцини Синовак.

loading...

Останати вести

Филипче: Ако остане стабилна состојбата, угостителите ќе работат до 21 часот

admin

Спасовски: Ги отфрлам шпекулациите за некакви договори, активно трагаме по Мијалков

admin

Со насмевка и песна, Доли Партон се вакцинираше против ковид-19

Elena Daskalova