Ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се виновни за сите порази, погазено достоинство

Стравот на Зоран Заев од соочување со македонскиот народ е голем и затоа по секоја цена бега од избори.Откако беа договорени изборите Заев покажува дека е способен да ги направи и најниските работи, само за да не одговара пред законите и граѓаните на Република Македонија, пишува восоопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев го претвори Собранието во пазар каде тргува со секој глас преку разни притисоци, изнуди и закани се со цел да донесе закон кој ќе го амнестира за сите криминали во кои е заплеткан.

Заев е свесен дека на сите им е јасно дека тој е главата на криминално рекетарскиот октопод и токму затоа му се брза за Законот за јавно обвинителство во кој го гледа единствениот спас за сопствениот криминал.

Снимката која беше објавена во јавноста покажа дека Заев лично во повеќе наврати ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски кој рекетираше бизнисмени ветувајќи им слобода во замена за пари.

Повеќе од очигледна е спрегата на Заев со осомничените во „Рекет“ Бојан Јовановски и Катица Јанева и токму тоа е причината поради која тој ги забранува со закон само снимките во кои се слуша како ги помага и како тие зборуваат дека е зборено со него и тој за се знае.

Законот за Јавно обвинителство кој СДСМ го носи не е добар ниту за државата ниту за граѓаните туку единствено за Зоран Заев и криминалната рекетарска банда околу него.

Затоа избори мора да има бидејќи Република Македонија и граѓаните не смеат повеќе да бидат заложници на криминалот на Зоран Заев и неговата желба за лично богатење.

Заев и СДСМ се виновни за сите порази, погазено достоинство и криминални кои ја зацрнија Македонија изминативе три години.

Заев и СДСМ мора да се соочат со граѓаните на 12 април кога ќе бидат испратени на темната страна во политичката историја, а тогаш доаѓа обнова на Македонија и одговорност.Заев и СДСМ никогаш повеќе!, велат од  ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира:

МЖСПП за состојбата на Преспанското езеро: Се преземаат активности во рамки на надлежностите

Влатко Зорба

Ивановски: Политиката која трае овие две и пол години треба да продолжи

Шекеринска: Како нова членка на НАТО ќе бидеме оценувани според повисоки стандарди