Connect with us

Дневно

ВМРО-ДПМНЕ преку ребрендирање ќе се обиде да ја сплоти партијата, а потоа и нацијата

Обединување во партијата е мисијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку новиот концепт „Македонија за сите луѓе“ кој денеска, во предвечерието на роденденот на опозициската партија ќе биде претставен во Охрид.

Опозицијата ќе биде присутна и на терен преку повеќе активности, со кои сметаат дека ќе остварат политики што ќе овозможат заштита на националните, општествените и државни интереси.

Освен новата политичка стратегија со која ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да се врати на власт на следните избори, Ден дознава и дека ќе бидат презентирани и новите партиски бои – ребрендирање со кое партијата сака да се обрати на сите десничари и центар-десничари.

Од опозицијата не даваат повеќе информации, само посочуваат дека сето она што како новитет следи од нив ќе биде презентирано вечерва од лидерот Мицкоски.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement