Ден

Во Кавадарци денеска втора аеродезинфекција

Денеска попладне повторно ќе се изврши аеродезинфекција во Кавадарци,  информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

-Се известуваат жителите на Кавадарци дека денеска со почеток од 16 и 30 часот ќе се започне со аеродезинфекција. Жителите кои живеат во куќи и станбени згради кои се наоѓаат на самите улици,  пожелно е да ги затворат своите прозори и врати. Во акцијата ќе учествуваат пет возила кои ќе вршат аеродезинфекција, соопштуваат од кабинетот на Јанчев.

Воедно, појаснуваат дека се почитуваат мерките на Владата и Општината, коишто се однесуваат на превенција од коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сто и еден новозаразен од коронавирус, само во Скопје нови 59 случаи

Александар Тодески

Таравари: Имаме поголема смртност од Албанија, Косово, Грција и Црна Гора заедно

Милошоски: Справување со коронавирусот па датум за избори

Александар Тодески
×

Следете не