Ден

Во недела ќе биде промовирана македонската евровизиска песна

Во недела на МТВ ќе биде премиерно прикажана песната „YOU“, со која Васил Гарванлиев ќе настапува на годинашното прво полуфинале на Евровизија во Ротердам.

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли, Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши. Спотот е снимен во кафе барот „Churchill“ во Скопје.

Премиерното прикажување за македонската јавност ќе биде на 8 март во Дневник 2 на МТВ, а точно во 20 часот песната ќе биде објавена на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб.

Минатата година Тамара ја промовираше „Proud“ исто така на 8 Март, симболично избирајќи го празникот на жената, пренесувајќи ја моќната порака до сите кои требаше да ја чујат.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не