Ден

Во последен час се разговара за 58 часовниот викенд карантин

Премиерот Оливер Спасовски најави дека денеска во 17 часот владата ќе носи одлука дали полицискиот час викендов ќе започне утре во 19 часот, а ќе трае до вторник до 5 часот наутро.

Според него, одлуката нема да биде политичка, туку ќе биде согласно науката. Се обрати и за најавата на реисот Сулејман Реџепи, кој посочи дека нема да ги повика верниците да не одат во џамија, дека никој не е над државата.

„Од државата нема посилен никој, ни верски лидер ни институција. Државата ги носи одлуките и таа управува со системот во вакви ситуации. Воопшто ако некој мисли дека ќе врши притисок по разни основи, треба да знае дека нема да издејствува ништо. Ако носиме такви одлуки ќе имавме по две седници на ден. Ние сме одговорни и сериозни луѓе, и докажавме дека носиме одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на земјата. Одлуката ќе ја носиме врз основа на анализите“, рече Спасовски.

Инаку одлучувањето во последен час дали ќе има 58 часовна забрана за движење доаѓа поради двојниот празник викендов, Рамазан Бајрам и Св. Кирил и Методиј. Претходно, од владата беше најавено дека нема повеќе да носи одлуки за голем карантин еден ден порано, бидејќи откако тоа го стори во Куманово, наиде на големи критики од граѓаните.

Комисијата за заразни болести уште на почетокот на оваа недела побара од владата полицискиот час викендов да трае 58 часа, но премиерот Спасовски седницата ја закажа дури за денеска.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

Обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за пациенти заразени со коронавирус

×

Следете не