Ден

Во продажба е првиот број на енигматскиот магазин „Лавиринт Плус“

Од денеска, на најблиските продажни места побарајте го првиот број на новиот енигматски магазин „Лавиринт Плус“.

Вашите омилени скандинавски крстозбори, италијанки, осумнасочници, скелетни мозаици, симетрични и француски крстозбори, како и судоку, кое единствено во „Лавиринт Плус“ излегува во три различни видови: Класично судоку, судоку со букви и мулти судоку.

На страниците на овој енигматски магазин можете да ја најдете и математичката енигматска загатка КенКен, која за првпат во македонските енигматски забавници ви ја нудиме ние.

Уживајте и во квизовите на „Лавиринт Плус“, кои ги подготвивме за да се потсетите на географските поими, како и на поимите од општа култура, со најава за многу новитети и изненадувања во броевите кои следат.

„Лавиринт Плус“ излегува на средина на секој месец, на 52 страници полни со вашите омилени енигматски изданија, но и новитети кои до сега ги немало во Македонија.

Ветуваме одлична и уникатна забава на своите страници, а за љубителите на енигматиката, ќе следуваат многу изненадувања. За вас подготвивме производ по светски стандарди, со најголем број на страници во боја од сите енигматски изданија во земјата. „Лавиринт Плус“ – Врвна енигматика за најдобра забава!

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не