Ден

Вулин: Пендаровски да молчи на јазикот кој никој, освен Србија не му го признава

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин реагираше на изјава на претседателот Стево Пендаровски.

Македонскиот претседател запрашан за прашањето меѓу Србија и Косово, рече дека „е против идејата за корекции на границите меѓу двете земји“.

Вулин му врати со жестока реакција.

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето“, рече Вулин, пренесува РТС.

Ова не е прв пат Вулин да реагира на изјава на шефот на државата. Тоа го стори и минатата година исто така во врска со изјава за Косово и Србија. Тогаш Вулин му порача на Пендаровски да погледне дека во мапата на Голема Албанија се наоѓа и Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

Полицијата со засилена контрола дали се носат маски

Во сабота завршува вонредната состојба, почнуваат да течат роковите за избори

Почнаа со работа кафулињата и рестораните под посебни протоколи

×

Следете не