Ден

Вучиќ: Јас сум секогаш заинтересиран за секој збор на Тања Фајон

Српскиот претседтел Александар Вучиќ, реагирајќи денеска на загриженоста на европратеничката Тања Фајон, поради можноста за намалување на изборниот цензус во Србија на три проценти, непосредно пред изборите, изрази надеж дека „таа како истакнат борец за човекови права“ ќе се избори Србите во нејзината родна Словенија да добијат статус на национално малцинство.

– Јас секогаш сум заинтересиран за секој збор на Тања Фајон. Особено кога станува збор за правата на српскиот народ во Словенија. Очекувам таа, како истакната активистка за човекови права, да се избори тие да добијат статус на национално малцинство, затоа што таму се најголема малцинска група, изјави Вучиќ во Обреновац.

Претседавачот на Комитетот за стабилизација и асоцијација на Србија и ЕУ, Тања Фајон денеска изјави дека е загрижена поради идејата за намалување на изборниот праг во Србија од пет на три проценти.

– Радикалните измени во изборните правила непосредно пред одржувањето на изборите се многу опасни тактики, предупреди Фајон, додавајќи дека тоа генерално не е добра практика и може сериозно да ја поткопа довербата.

Можеби ќе ве интересира:

Убиен близок соработник на Сулејмани, ликвидиран пред неговата куќа

Никола Поповски

Имаме одличен план за спречување на коронавирусот, тврди Трамп

Никола Поповски

Трамп: Потешко е да се преговара со ЕУ отколку со некој друг

Никола Поповски