Ден

Генерал-мајор Васко Ѓурчиновски учествува на заседание на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, учествува на 182-то заседанието на Воениот комитет на Северноатлантската алијанса, кое се одржува во формат на началници на генералштабови.

Генералот Ѓурчиновски, како што информира Генералштабот, по вторпат учествува на сите сесии од заседанијата на Воениот комитет на НАТО, како началник на Армија на  земја која наскоро ќе биде полноправна членка на Алијансата, што беше истакнато и во воведниот говор на претседавачот на Комитетот, воздухопловниот маршал, Стјуарт Пич, кој му посака добредојде на началникот на ГШ и на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање пред учесниците на заседанието, според соопштението на ГШ, генералот Ѓурчиновски покрај искажаната благодарност за целосната поддршка од страна на највисоко воено советодавно тело на НАТО ја истакнал и посветеноста на нашата Армија во извршување на сите активности во подготовките за полноправно членство во Алијансата.

На почетокот од заседанието од страна на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг е претставен политичкиот контекст на дејствување на Алијансата како основа за понатамошните дискусии.

– За време на останатите сесии на дводневното заседание на ВК началниците ќе дискутираат за тековните оперативни обврски на НАТО и понатамошни активности. Исто така на посебни сесии, ќе се разговара за ангажирањето на НАТО во мисијата Одлучна Поддршка во Авганистан, мисијата на НАТО во Ирак и Мисијата КФОР, се вели во соопштението на Генералштабот на Армијата.

Воедно за време на денешното заседание, генералот Ѓурчиновски оствари повеќе средби и размени мислења со началници од армиите членки на НАТО и партнерските нации, на кои се разговараше за повеќе теми од безбедносен аспект кои се од взаемен интерес и меѓусебна соработка, меѓу кои и прашања поврзани со актуелната ситуација на Блискиот Исток.

Од друга страна на сесијата поврзана со учеството во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, во која педесетина наши припадници извршуваат различни задачи во неколку команди, беа презентирани најновите стратегиски и оперативни информации поврзани со безбедносната ситуација во Авганистан.

Поддршката за полноправно членство како 30-та земја членка на Алијансата, како и нашата целосна посветеност кон остварување на оваа стратегиска цел беа истакнати за време на првата посета на Република Северна Македонија на воздухопловниот маршал Пич, која се реализираше минатата недела.

Можеби ќе ве интересира:

Ангеловска: Софистицираната царинска лабораторија ќе придонесе против борбата со нелегалната трговија

Stefanija Kuzmanovska

Просечната плата во ноември 25.787 денари

Влатко Зорба

Копач: Црна Гора и Северна Македонија се најдобри во енергетските реформи

Влатко Зорба