ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? Зошто на врвот на елката се става ѕвезда?

Украсувањето на елката за Нова година е една од најубавите традиции кои опстанале низ времето. Со самото поставување на елката во вашиот дом, вие ја подобрувате празничната атмосфера, а со тоа и расположението, особено сега кога светот е во состојба на пандемија и славењето не е исто како претходно.

На неа може да ставите лампиони во најразлични форми и бои, да додадете секакви украси, машнички, разнобојни светилки, Снешковци, еленчиња и сè она што потсетува на тоа дека една година завршува, а започнува нова. Сепак, некои нешта имаат јасна и интересна симболика. Дури и во холивудските филмови гледаме дека значаен момент во украсувањето е поставувањето на врвот на елката, кој секогаш е или ѕвезда или има мотив сличен на ѕвезда. За тоа има и силна причина.

Како што и претпоставувате, ова е симбол на витлеемската ѕвезда која го симболизира раѓањето на Исус, односно празникот Божик. Тројцата мудреци ја следеле оваа ѕвезда и стигнале до напуштената штала каде е роден Исус и го дарувале. Токму поради ова на врвот на новогодишната елка се поставува украс кој симболично го најавува Неговото раѓање.

loading...

Останати вести

Сваровски и 50.000 светилки – поставена елката во Рокфелер центарот

Elena Daskalova

Швајцарска железница од која ќе ви се стегне стомакот

Elena Daskalova

Светот се соочува со недостиг на чипови за смартфони и лаптопи

admin