Connect with us

Магазин

Дали знаете каков бил оригиналниот рецепт за руска салата?

Новогодишната трпеза е незамислива без голем сад со популарната руска салата, која е мешавина на состојки споени со мајонез. Но, во пракса, нема точен рецепт за неа, а во оригинал се нарекува и салата Оливиер.

Оригиналниот рецепт одамна е изгубен и никој точно не знае како готвачот Лусиен Оливиер ја замислил, но во денешно време најчесто се подготвува од исецкани компири, грашок, сварени јајца, кисели краставички, шунка и моркови, сето тоа измешано со мајонез, зачинето со бибер, а некои додаваат и малку сенф за подобар вкус. Постојат варијанти и со праз, сецкано пилешко, колбаси, виршли, а за полесен вкус мајонезот се меша со павлака.

Оваа салата освен што е присутна во Русија, земјите кои беа дел од СССР и југоисточна Европа, може да се најде и на трпезите во Израел, Иран, Монголија, па дури и во некои држави од Латинска Америка. Оригиналниот рецепт потекнува од 1860-тите, од Белгија, а наводно содржел паткино месо, телешки јазик, месо од еребица, кавијар, марула, мајонез, масло и сенф. Со текот на времето бил адаптиран и прилагоден на локалните кујни, а руските корени ги добива поради готвач од кујната на Оливиер, кој препишал дел од рецептот и избегал во Русија. Низ годините рецептот доживеал уште неколку промени, биле додавани маслинки, одземена рибата и марулата, за да се добие денешната едноставност за која основен рецепт е еднакви количини на следниве состојки:

Шунка
Варени компири
Кисели краставички
Варени моркови
Грашок

А се зачинува со:
Сол и бибер
Мајонез

Наместо шунка може да се користи и пилешко или телешко месо, а сето тоа се меша со мајонез. Сепак, останува простор за импровизација и може да се додаде варена пченка, наут, магдонос, кромид… Може да биде и вегетаријанска, без месо, а дури има и вегански варијанти со посен мајонез.

Најпопуларна комбинација е со печено свинско или телешко месо, сувомеснати производи, различни видови сирење, кифли и пити.

На здравје!

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement