Ден

Девет лица во Гевгелија заработија парични казни заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.

Според обвинителството, четворица од нив, допатувале на 18 март во земјава од Грција, Турција и Бугарија, како земји со среден или висок ризик за зараза согласно Листата на Светската здравствена организација.

– При влез во земјата биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19 и потпишале изјави за самоизолација. При извршена проверка од страна на полициски службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во престојувалиштата каде требало да ја извршат должноста за самоизолација, со што ја прекршиле дадената мерка и го сториле кривичното дело, се вели во соопшетнието на Јавното обвинителство.

Обвинителството му предложи на Судот на секој од обвинетите да им бидат изречени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Воедно и други пет лица во Гевгелија ја прекршиле Одлуката на Владата за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот наредниот ден.

– Тие во одделни настани биле затекнати како управуваат или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. ​За секое од петте обвинети лица Обвинителството му предложи на Судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност, информират од обвинителството.

Можеби ќе ве интересира:

Двајца скопјани казнети со по 2.000 евра

Пронајден малолетникот од Скопје кој беше пријавен за исчезнат

МВР: Вкупно 242 лица не го почитувале полицискиот час, 95 од нив приведени

×

Следете не