Делта сојот дојде во Македонија – Колку вакцините ја спречуваат опасната мутација?

Четвртиот случај на пациент заболен од делта сојот на коронавирусот, 43 годишниот велешанец кој веќе една недела е хоспитализиран го привлече вниманието на јавноста за тоа дали можниот нов бран есенва ќе биде поагресивен и колку вакцините штитат од овој сој на вирусот.

Откако дел од медиумите објавија дезинформации дека кинеската вакцина „Синовак“, со која во Македонија продолжи масовната вакцинација не штити од индискиот делта сој, министерството за здравство посочува дека сите вакцини се ефикасни за заштита од тешка форма на коронавирусот.

„Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува“, велат од таму.

Според министерството, сите официјални студии покажале дека вакцините се ефикасни против соевите на вирусот, а како ќе има нови податоци, така тие ќе испраќаат информации до јавноста.

„Како што ќе има нови официјални студии и податоци за ефикасноста на вакцините, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста. Во овие исклучително чуствителни моменти кога започнува масовната вакцинација во нашата земја, апелираме на максимална одговорност од сите поединци и медиуми во однос на вакцинацијата и споделување исклучително на ставови кои се поткрепени со научни докази и ПОТВРДЕНИ студии“, велат од министерството.

Во меѓувреме, продолжува масовната имунизација, со новитет дека од 12-ти јули почнува вакцинација без претходно закажан термин.

Министерот за здравство, Венко Филипче пак, денеска посочи дека се чекаат информации за уште четворица пациенти кои се суспектни на овој сој. Тој нагласи дека сите заразени не биле вакцинирани и додаде дека Комисијата за заразни болести повторно ќе се состане со цел да разгледува дали ќе се воведат нови рестрикции, односно барање на тестови и потврда за вакцинација при влез во Македонија од соседните земји.

loading...

Останати вести

Британскиот сој на коронавирусот ги елиминира шаловите, визирите и марамите

admin

Совет на амбасадори: Модернизирање на ЕУ, „консензус минус еден“

admin

Иванов: Небулоза е тврдењето дека сум сакал да прогласам воена состојба

admin