Connect with us

Македонија

Дендиас бара наместо „МКД“, на Европско да пишува „НМ“ или “РНМ“

Грчкиот министер за надворешни работи на Грција Никос Дендиас испратил писмо до министерот Бујар Османи во кое бара целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, но и употреба на нова кратенка „НМ“ или „РНМ“ наместо „МКД“.

Според дипломатските извори од Грција, Дендиас во дописот пишува дека иако во Договорот, како што е предвидено во член 1, параграф 3, точка е, кодот за името Северна Македонија во Меѓународната организација на стандардизација (ИСО), останува „МКД“, „употребата на конкретниот акроним на ЕУРО 2020 не може да биде прифатен од Грција“.

Грчката страна во писмото бара во рамките на меѓународната практика на целосното имплементирање на договорот, како и обидите за одржување на позитивна динамика во билатералните односи, „Северна Македонија мора да користи акроним што одговара на нејзиното име, како што е „NM“ (North Macedonia) или алтернативно „RNM“ (Republic of North Macedonia)“.

Овој дел бил испишан во писмото во кое меѓудругото, се побарало од Османи да интервенира за името на ФФМ да се промени од Фудбалска федерација на Македонија, за што македонскиот министер му одговори дека ФФМ нема обврска да го менува името согласно Преспанскиот договор, бидејќи не е буџетски корисник.

Османи исто така му одговорил на Дендиас дека македонските кодови согласно договорот остануваат „МК“ и „МКД“, како и дека не постојат нови кодови „НМ“ или „РНМ“. Исклучок за ова се регистарските таблички на возилата, на кои наместо како до сега „МК“ пишува „НМК“.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement