Connect with us

Сцена

Дефинитивно е крај! Раскинаа Џеј Ло и Алекс Родригез

Озборувањата за крајот на врската на Џеј Ло и свршеникот Алекс Родригез се актуелни веќе извесен период, но овојпат е навистина крај.

Поранешниот пар соопшти дека се разделуваат како пријатели, пред да биде предоцна и да се замразат засекогаш.

Неколку недели по ширењето на гласините за нивното раскинување, што и двајцата ги негираа, тие со заедничко соопштение за медиумите потврдија дека на крајот сепак љубовта им завршила.

– Сфативме дека функционираме подобро како пријатели и се радуваме дека остануваме на тој начин. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме едни со други на заеднички работни места и проекти. На нашите деца им посакуваме се најдобро а и на самите себе. Од почит кон нив, ние само сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа – рекоа Лопез и Родригез во четвртокот.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement