Ден

Димковски и Бабовски ќе присуствуваат на инфо-денот за ИПАРД во Струмица

Во Струмица денеска продолжува инфо-караванот за Мерката 3 од ИПАРД 2 Програмата.

На работилницата што ќе се одржи во рамки на инфо-денот ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Мерката 3 е за инвестиции во средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи, а земјоделците на работилницата ќе бидат информирани како да ги искористат достапните финансиски средства.

Инфо-караванот почна вчера, од Ранковце и Свети Николе, а треба да продолжи на 15 јануари во Прилеп, потоа на 16 јануари во Тетово и Кичево, на 17 јануари во Скопје, на 23 јануари во Битола на 24 јануари во Градско и на 28 јануари во Кочани.

Инфо-деновите за Мерката 3 ќе завршат во Богданци на 29 јануари.

Можеби ќе ве интересира:

Филипче: Човечноста е на тест – стоп за стигматизација!

Жители на Чаир се разбегаа по почнување на полицискиот час (ВИДЕО)

Три работи кои можете да ги направите со вашите пари, сега додека владее коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska
×

Следете не