Ден

Димовски: Ги терате со сила кутрите пратеници по 17 пати да го употребуваат новото име

Нема прекршување на Преспанскиот договор од страна на Рашела Мизрахи, тврди ВМРО-ДПМНЕ. Проблемот со нејзиното разрешување е во свеста и потсвеста на некој од Владата.

Илија Димовски на вечерашната собраниска расправа во рамки на 136. седница рече дека употребата на името Северна Македонија согласно преспанскиот договор сé уште не е обврска и побара предлогот за разрешување на Мизрахи да биде повлечен.

-Заради ова ќе ја разрешувате Мизрахи, затоа ќе предизвикувате политичка криза? Направивте СДСМ да биде погрчка партија и од најгрчката. Ги терате со сила кутрите пратеници по 17 пати да го употребуваат новото име. Соберете ја вашата пратеничка група и кажете и да се подготвува за пораз на изборите, истакна Димовски.

Според координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ваквото однесување на СДСМ го покажува стравот од избори поради што се настојува да се предизвика криза.

Мизрахи, пак, во обраќањето по Спасовски нагласи дека наместо да ја остават да ја врши својата работа на функцијата министер, била мета на антисемитски напади од лица кои, како што рече, ниту бираат средства, ниту начини, ниту зборови.

– Таблата беше евтина театарска претстава, истакна Мизрахи.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

Обезбедени 31 единица конвалесцентна плазма за пациенти заразени со коронавирус

×

Следете не