Ден

Додик: Ако не се реши прашањето за Уставниот суд, нема да ја биде БиХ, ќе потрае оваа „политичка тепачка“

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, ја опиша сегашната криза во БиХ како „политичка тепачка“ со неизвесен рок на траење, истакнувајќи дека луѓето, сепак, не треба да се плашат од вистински конфликт.

По средбата со членовите на раководството на неговата Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД) во Бања Лука, Додик им рече на новинарите дека во партијата е повторен ставот за неодамнешната одлука на Уставниот суд на БиХ за земјоделското земјиште. За нив е премината црвената линија, по што мора да се преземат радикални мерки.

„Ако не се реши прашањето на Уставниот суд, нема да ја биде БиХ“, рече Додик, додавајќи дека тој ќе инсистира на промена на уставот на Уставниот суд и да ги елиминира странските судии од неговиот состав.

„Ова е политичка борба, народот нема од што да се плаши. Ова може да потрае малку подолго и ние повикуваме на дијалог“, рече Додик.

Предупредувањата од различните страни дека одлуките на Уставниот суд се конечни и обврзувачки, Додик ги квалификува како флоскули и изјави дека странските судии упорно донесуваат  одлуки што се во интерес на Бошњаците.

„Ова е унија на Партијата за демократска акција и судиите“, рече Додик.

На констатација на новинар дека ова всушност е блокирање на државата, Додик налутено одговори дека тоа не е точно, а потоа вербално  нападна еден новинар чии прашања не му се допаднаа, велејќи му дека тој бил предавник кој работи за „предавничка муслиманска телевизија“.

Можеби ќе ве интересира:

Белата куќа тврди дека негативните извештаи за коронавирусот му наштетуваат на Трамп

Реакции на најавата на Курти за условно укинување на таксите: Поделени мислења на ЕУ и САД, Германија се најде во средина

Трамп: Потпишуваме договор со Талибанците, сакаме да ги вратиме нашите трупи дома