fbpx
Connect with us

Спорт

Драмата „Ѓоковиќ“: Ноле извади „џокер“ прележан ковид, но има докази дека не се изолирал

Уште од самиот почеток на годината, српската но и светската јавност се фокусирани на драмата на тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Тој е познат како противник на вакцини, на медицински методи, практикува веганска исхрана и неговите изјави и однесувања некогаш одат во екстреми, кои не се здрави да се применуваат без консултација со лекари.

Ѓоковиќ, или како што уште го нарекуваме Ноле, доби дозвола да патува во Австралија за да настапи на „Австралија Опен“, со медицинска потврда за исклучок од правилото за вакцинација.

Но, каде згреши рекетот број 1?

Ова никој не може да го потврди со сигурност, но факт е дека овој настан ја подели јавноста: едни сметаат дека штом има доказ дека е медицински исклучок, не треба да го „малтретираат“ на овој начин, додека пак други сметаат дека славата му удри во глава и дека Ноле се стави себе над законите, правилата и колективното добро. По неговиот случај, се ревидираат визите и на другите учесници на „Австралија Опен“.

Ноле има ЏОКЕР во ракав?

Тимот на Ѓоковиќ потврди дека на 16 декември тој имал позитивен тест за коронавирус. Многумина се израдуваа дека ова е „џокерот“ кој ќе го однесе Ноле на турнирот. Сепак, јавноста понекогаш има подобра меморија, па не пропушти да ги „извлече“ објавите од социјалните профили на тенисерот од 17 декември, наводно еден ден по добиениот позитивен тест.

На 17 декември тој учествувал на јавен настан, физички присутен, без маска – што е далеку од однесување кое го применува лице позитивно на коронавирус.

До каде ќе оди оваа драма, останува да видиме.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement