Ден

Државен обвинител: Твитовите на Трамп ме „поткопуваат“

Американскиот јавен обвинител Вилијам Бар изјави дека претседателот Доналд Трамп го „поткопува“ со твитовитее и го спречува да ја врши својата работа.

Бар го критикува Трамп додека Министерството за правда разгледува случај во кој е вклучен Роџер Стоун, поранешниот осуден претседателски советник, јавува Би-Би-Си.

Јавниот обвинител е обвинет дека попуштил на претседателскиот притисок.

Коментарите на Бар се редок пример за неговото незадоволство од однесувањето на Трамп.

„Мислам дека е време да престане со твитовите за кривичните случаи на Министерството за правда“, рече Бар за ABC News.

„Не можам да ја завршам мојата работа тука во Министерството со постојани коментари во позадина што ме поткопуваат“, додаде тој.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел изјави дека претседателот требал да го послуша советот на Бар.

„Ако јавниот обвинител рече дека ова го спречува да ја заврши својата работа, Претседателот треба да го послуша Јавниот обвинител“, рече Републиканскиот сенатор за „Фокс њуз“.

Стоун беше осуден во ноември за попречување на истрагата на Комитетот за разузнавање за руското мешање на изборите во 2016 година. Федералните обвинители првично бараа на Стоун да му се изрече седум до девет години затвор во обидот да спречи истрага.

Претседателот брзо го изрази своето спротивставување на ова во твит, во кој напиша: „Ова е ужасна и многу неправедна ситуација“.

Министерството за правда тогаш ја отфрли препораката од својот тим за гонење, покренувајќи го прашањето дали Бар интервенирала во име на сојузникот на Трамп. Четворица обвинители го напуштија обвинителството.

Можеби ќе ве интересира:

Белата куќа тврди дека негативните извештаи за коронавирусот му наштетуваат на Трамп

Реакции на најавата на Курти за условно укинување на таксите: Поделени мислења на ЕУ и САД, Германија се најде во средина

Трамп: Потпишуваме договор со Талибанците, сакаме да ги вратиме нашите трупи дома