Ден

Евровизија ќе има, но само како телевизиско шоу

ЕБУ, организаторот на Евровизија и холандската национална телевизија одлучија годинашните кандидати да се претстават во ревијален телевизиски фестивал кој ќе биде пренесуван на сите национални ТВ сервиси на земјите учеснички.

Ова ЕБУ го прават за да им излезат во пресрет и на обожавателите, но и на музичките ѕвезди кои подготвија песни и настапи за изданието во Ротердам.

На шоуто домаќини ќе бидат холандските презентери на Евровизија, Шантал Јанзен, Едсилија Ромбли (Евровизија 1998 и 2007 година) и Јан Смит.

Што се однесува на нашиот претставник, МРТВ уште нема одлучено дали тој ќе нè претставува и во 2021 со нова песна или одново ќе се избере кандидат. Неколку земји, меѓу кои и соседна Србија, одлучија да останат истите претставници.

Можеби ќе ве интересира:

Бидете одговорни: Пандемијата уште не е готова

Шопинг во време на пандемија: Како да тестирате парфеми безбедно?

Како да исчистите пегла која загорела?

×

Следете не