Ден

Евролигата не се откажува од доигрување на сезоната

Акционерите во Евролигата сакаат сезоната да заврши, но исто така признаваат дека за да се случи ова, натпреварите најверојатно ќе се одржат по мај, со промена во форматот на турнирот. Очигледно, во овој момент на време не постои начин да се обнови сезоната на 11 април, како што првично најавуваше Евролигата.

Четиричасовната конференција не даде точни датуми за кога сезоната може да се продолжи, но потврдена е и волјата таа да не биде откажана.

– Турнирите ќе бидат продолжени кога ситуацијата ќе овозможи оптимални услови за здравје и безбедност на сите учесници, по препораките на релевантните здравствени органи и локалните власти. Приоритет е сезоната на Евролигата 2019/20 да заврши со постојниот формат, што значи доигрување на преостанатите натпревари од редовната сезона, плеј-офот и Ф4. Ова најверојатно значи дека сезоната ќе заврши по првично закажаните мајски датуми, а фреквенцијата на дуелите, доколку е потребно, ќе биде скратена. Истиот приоритет се однесува на Еврокупот, се вели во заклучоците од средбата.

Можеби ќе ве интересира:

Поранешен НБА кошаркар кон Трамп: Направи нешто, е**н кловну!

Stefanija Kuzmanovska

Стадионот на Сити ќе стане терен за обука на лекарите

Stefanija Kuzmanovska

Француските клубови остануваат без 110 милиони евра заради коронавирусот

×

Следете не