Ден

Еколошка катастрофа во Штип: Хемикалии од оштетено црево истекоа во Брегалница

На социјалните мрежи на 23 јуни осамнаа фотографии од реката Брегалница, на кои се гледа дека водата е обоена во бела боја, што предизвика бурни реакции и отвори многу прашања кај жителите.

На денешната прес-конференција, градоначалникот Благој Бочварски соопшти дека се работи за истекување на хемикалија поради оштетување на црево со кое се пренесувала хемикалија за процесот на производство во компанијата Техникал Текстајл во ТИР зоната во Штип.

–Од страна на Центарот за јавно здрваје- Штип и ЈП „Исар” е извршен увид и на штипските бунари за водоснабдување на градот со вода, којшто се повисоки и заштитени и нема нивно загадување. ЦЈЗ Штип и ЈП „Исар” во наредните три дена ќе вршат вонредни контроли на влез, на излез и низ мрежата. Инспекторите констатираа дека транспортна фирма добавувач на течност којашто се употребува во производствениот процес на фирмата Техникал Текстајл имала пукање на цревото со што течноста преку атмосферскиот канал се слеала во река Брегалница. Во текот на денот постапуваат инспекторатите за животна средина со што очекуваме информации за целосно затворање на постапката – вели Бочварски.

Утринава водата во реката Брегалница е чиста и реката не е со густа и бела течност. Засега не е познато колкава е количината на материјата која истекла од цистерната во реката Брегалница.

Можеби ќе ве интересира:

Осуммина починати, 136 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус

Малолетник прободен кај Зелен пазар во Скопје

Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

×

Следете не