Ден

Емери скоро призна каде ќе наскоро ќе почне со работа

Поранешниот менаџер на Арсенал, Унаи Емери откри дека следната негова работа најверојатно ќе биде во италијанската Серија „А“. Сепак, Шпанецот потврди дека е подготвен да води екипи од сите Топ 5 лиги во Европа.

Емери е надвор од фудбалот од ноември, откако помина само 18 месеци на чело на „топџиите“, откако доживеа неуспех да гозамени успешно Арсен Венгер на „Емирати“.

Емери има искуство во Ла Лига и француска Лига 1, откривајќи дека веќе разговарал со неколку клубови за неговото враќање во игра.

– Јас тренер сум веќе 16 години, па решив да направам малку пауза за да се подготвам за мојот нов проект. Тој треба да ме инспирира. Не отпишувам ниту една земја – Англија, Франција и Шпанија се земји каде што веќе работев. Никогаш не сум бил да работам во Италија. Веќе разговарав со неколку клубови на Апенините и не е невозможно да се започне со работа во Италија. Отворен сум за дискусии и ја следам Серија „А“. Во однос на клубовите, нема да ги именувам имињата, со кои сум контактирал, потенцира шпанскиот тренер за италијанските медиуми.

Можеби ќе ве интересира:

Таткото на Ноле: Димитров е виновен за заразата

Надал: Не сакам да гледам натпревари без навивачи, ништо не може да ја замени нивната енергија

Арсенал во преговори со Обамејанг за да го задржи до 2023 година

×

Следете не