Ден

Емил Јакимовски доби осумдневен притвор

Осумдневен притвор одреди судија на претходна постапка за ексвработениот во Централниот регистар, Емил Јакимовски кој се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

Притворот е определен поради опасност од бегство, но и можност за повторување на делото.

Јакимовски е осомничен за делата загрозување на сигурноста од член при вршење семејно насилство, загрозување на сигурноста по пат на информатички систем и неизвршување на судска одлука од член 377 став 5.

Јакимовски вчера беше приведен поради семејно насилство, а во последниов период им се закануваше и ги навредуваше новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска.

Можеби ќе ве интересира:

Ванчева: Мизрахи не беше разрешена затоа што е Еврејка, туку бидејќи не го почитуваше Уставот

Димовски за снимката на Заев: Тоа народски кажано е со свој камен по своја глава

Влатко Зорба

Министерот Адеми во посета на Црна Гора: Реафирмирана потребата од договор за заштита на правата на македонското и на црногорското малцинство

Никола Поповски