Ден

Заболени осудени и притворени лица нема, од 10 март е донесена забрана за контакти

Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита, информираат од Управата за извршување на санкциите.

– Ја демантираме информацијата за појава на заболени осудени и притворени лица од новиот корона вирус – COVID 19 кои се наоѓаат на издржување казна затвор и мерка притвор во казнено-поправните установи во нашата држава, се вели во соопштението од Управата за извршување на санкциите во врска со изјавата дадена од адвокатот Насер Рауфи на порталот „Журнал.мк“, а потоа истата прифатена и од порталот „Курир”.

Од Управата нагласуваат дека веднаш по препораките на Владата од 10.03.2020 година донеле Наредба со која од 11.03.2020 се забранети контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет, а исто така преземени се сите мерки за одржување високо ниво хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита.

– Новодојдените лица се сместуваат изолирано се до моментот кога ќе се утврди дека во периодот на инкубација, не пројавиле симптоми на болеста. Сите вработени во казнено-поправните установи исто така ги почитуваат препорачаните мерки за заштита при меѓусебните контакти и контактите со осудените и притворените лица, се вели во соопштението.

Од Управата, исто така, наведуваат дека доколку во која било казнено-поправна установа се појави случај со потврдена дијагноза од овој вирус, медиумите ќе бидат известени за истото и ќе се преземат мерки согласно со препораките.

Можеби ќе ве интересира:

Уапсени две лица, полицијата им нашла марихуана

Опожарено возило на паркинг во Скопје

За 24 часа регистрирани 585 лица кои не носеле маски

×

Следете не