fbpx
Connect with us

Дневно

Заев и Пендаровски се скараа за „Отворен Балкан“

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот во оставка, Зоран Заев се скараа за „Отворен Балкан“, откако претседателот на официјалната посета во Косово ја нарече иницијативата „фалична“. Според Заев, Пендаровски претходно дал поддршка за „Отворен Балкан“, а сега се премислил.

„Неразбирливо е зошто некој би бил против пријателство со соседите, против зближување на младите и народите од Западен Балкан и против полесна и побрза економска размена меѓу земјите од регионот. Јас сум изненаден што Пендаровски ги промени своите ставови за оваа пред сѐ економска иницијатива, но нема да бидам изненаден кога повторно ќе се премисли за да даде поддршка во периодот што доаѓа, а во интерес на граѓаните, државата и регионот“, вели Заев во изјава за ТВ21.

Од Кабинетот на претседателот пак, во реакција на изјавата на премиерот во оставка велат дека ставот на претседателот Стево Пендаровски во однос на иницијативата „Отворен Балкан“ е конзистентен од самиот почеток, а претседателот тоа му го имал и лично пренесено на Зоран Заев по првичниот состанок во Нови Сад кога е промовирана иницијативата.

„На оваа тема, во Кабинетот на претседателот Пендаровски како точка на дневен ред се разговараше и на првата лидерска средба во присуство на опозициските партии во 2019 година. Едногласен заклучок во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, усогласен меѓу сите политички субјекти на таа лидерска средба беше дека нашата држава нема алтернатива на патот кон полноправно членство во ЕУ и дека доколку иницијативата „Отворен Балкан“ има таков карактер, таа не е прифатлива за ниту еден политички субјект во Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски никогаш не бил против зајакнување на економските процеси, олеснување на царинските процедури, слободниот проток на луѓе и капитал меѓу земјите на западен Балкан. Но, тоа што половина од државите во регионот не се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ објективно го лимитира нејзиниот потенцијал“, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Од таму посочуваат дека претседателот никогаш нема дадено изјава или донесено акт или одлука со која би бил против пријателството на народите во регионот и против нивната ЕУ перспектива, додавајќи дека за жал, многу други политичари во регионот делуваат во спротивна насока.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement