Заев: Нема недопирливи, ама софтверот е набавен преку законска јавна набавка

Откако утрово беша приведени поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски и Даниел Станчев, сопственикот на „Инвока груп поради истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, премиерот Зоран Заев вели дека и овој случај докажал дека нема недопирливи, истовремено велејќи дека треба да се почитува презумпцијата на невиност.

„Без разлика дали некој бил генерален секретар некаде до есента, а до пред некој ден секретар во мојот кабинет, законот важи еднакво за сите. Истовремено, треба да го почитуваме и ставот дека никој не е виновен додека не му се докаже вината. Презумпцијата на невиност треба да ја почитуваме”, рече премиерот Заев, додавајќи дека сите барања до независните институции, како што се Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција, се испорачани за да се спроведе постапка целосно во согласност со законот.

Премиерот Заев информираше дека согласно информациите кои се предадени во институциите смета дека софтверот за сообраќај е набавен преку законска јавна набавка, при што нагласи дека независните институции низ објективна и фер постапка имаат обврска да дадат конечен одговор кој ќе мора да се почитува.

Обвинителството пак, го сомничи Рашковски дека ја злоупотребил службената положба и овластување и го оштетил буџетот во вкупен износ од 11.018.321 денари, односно 178.868 евра, народни пари. Од таму тврдат дека екс генералениот секретар на владата со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на кривично дело.

Надлежниот јавен обвинител поради опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци побара мерка притвор.

loading...

Останати вести

За сите демократија, за Пауновски „пркос“ – Како премиерот го смени ставот за различностите во владата?

admin

Може ли безбедно да се користат јавните тоалети во време на пандемија?

Elena Daskalova

Јанкулоска: Со Миле јадевме и пиевме на 27 април, немаше ништо невообичаено

admin