Заев чека предлог за разрешување на „непослушниот“ Пауновски

Директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, поранешен пратеник од редовите на СДСМ најверојатно ќе биде разрешен поради одбивањето да ги прими сите 35 рамковно вработени лица, бидејќи според него, не ги исполнувале условите за пополнување на работните позиции.

Пауновски претходно бараше инспектори, но од владата доби административци кои ќе седат во канцеларии, што за него е неприфатливо бидејќи во време на пандемија, кога инспекторатите засилено излегуваат на терен, имаат потреба од инспектори.

Премиерот Зоран Заев пак, преку медиумите го „искара“ директорот на Пазарниот инспекторат, велејќи дека треба да ги испочитува и спроведе одлуките, наместо да води војна со владата. Тој најави и дека очекува вицепремиерот Љупчо Николовски да даде предлог за разрешување на Пауновски.

„Институциите кажуваат дали некој од тие што им се понудени може да се вработи или не може, имало и други институции кои одбиле дел од предлозите. Но, секој ден да се препукувате со потпретседателот на Владата, гледам сега и со претседателот на Владата не може. Очекувам да биде даден предлог за негово разрешување и тоа од Љупчо Николовски. Сметам дека постои основ за негово разрешување затоа што не може да си дозволите јавно да давате вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените. Пауновски е мој пријател, но ова е пркос којшто е недозволен, хиерархијата треба да е поставена и треба да функционира успешно“, рече Заев.

Пауновски претходно рече дека нема да ги прифати сите вработени кои ги прераспределила владата кај него и по цена да биде разрешен, додавајќи дека им требаат вработени во градовите каде немаме инспектори, а не на местата каде е исполнет бројот на работни места.

loading...

Останати вести

Обвинителството ја одби кривичната пријава на Неделкова против Киро Здравев

admin

И Македонија ги забрани сите летови од Велика Британија

admin

Нови 929 заразени со коронавирус, почина 22 годишна пациентка

admin