fbpx
Connect with us

Македонија

Заев ја одложи оставката, виси седницата за недоверба

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев ја одложува оставката која како неотповиклива ја најави по вториот круг на локалните избори, кога социјалдемократите добија катастрофални резултати во освоени градоначалнички места на територијата на цела Македонија.

Заев, како што изјави и самиот тој, ќе ја одложи оставката додека не биде сигурен дека владејачкото мнозинство е стабилно или зголемено, изјава која ја даде во време кога на иницијативата за гласање недоверба на владата се потпишаа 61 пратеник, доволно за владата да падне.

Исходот на неговата одлука ќе се знае веќе утре, кога во Собранието ќе се гласа за предлогот кој е поднесен, а за кој реагираше и Скендер Реџепи, пратеник од Алтернатива кој не сака неговиот потпис да стои на исто место со потписите од пратениците на Левица, поради како што рече, антиалбанските изјави на лидерот на оваа партија.

Како ќе се повлече иницијативата?

Еднаш поднесена иницијатива за гласање недоверба на владата значи три месеци конфорт за владата доколку истата иницијатива не се изгласа. Сепак, координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски го повика Реџепи да потпишат нова иницијатива на која нема да бидат потпишани пратениците од Левица, бидејќи за барање на ваква седница се доволни само 20 пратенички потписи.

Нејасно е дали доколку се повлече првичната иницијатива значи дека во следните 90 дена нема да има нова седница за гласање доверба на владата, бидејќи така предвидува уставот, или пак ќе се најде „дупка“ која дозволува барање на нова седница веднаш.

На ставот за несмеење да се побара нова седница во наредните 90 дена е и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба“, вели Џафери.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement